ЖФК Тиверија победнички ја започна новата полусезона

Во рамките на 16 коло од продолжението на Прва ЖФЛ, тимот на ЖФК Тиверија, среде Струмица против ЖФК Скопје оствари победа од 3:0. Најзаслужни за новите три бода беа стрелците Николовска, Ѓорѓиева и Панеска.

Во меѓувреме, во слободниот викенд ЖФК Тиверија одигра пријателски натпревар против екипата на ЖФК СЦ Истатов.

Натпреварот заврши со резултат 4:1 во корист на Тиверијанки, со головите на Јосифова х2, Димоска, и Николовска.

Следен натпревар на ЖФК Тиверија е куп натпреварот против ЖФК Кочани на 10.03.2021 во 13:30 часот на општинскиот стадион со вештачка трева “Филип Лазаревски”.