Тиверија со чиста десетка против Кочани

ЖФК Тиверија Струмица успешно го мина 1/8 финалето од Купот и со 10 постигнати голови се пласираше во наредниот круг – 1/4 финале.

Панеска беше најпрецизна со 4 постигнати голови, а по еден гол постигнаа Димоска, Николовска, Јосифова, Михајлова, Василева и Николова.

За 4 дена Тиверијанки гостуваат во Велес каде атакуваат на нови 3 бода против екипата на Борец.