Нашата Теодора Димоска на семинар за УЕФА Б лиценца

Во периодот од 19ти до 25ти Март, во хотел Истатов се одржува семинар за УЕФА Б лиценца.
Теодора Димоска покрај тоа што игра во одлична форма, паралелно со нејзините студии на Економски факултет, покажа интерес и за пренесување на нејзиното знаење на нашиот подмладок.
ЖФК Тиверија е клуб кој вложува во своите девојки и се радува на секој нивен успех.
По завршување на семинарот и полагање на практичен и теоретски испит ЖФК Тиверија ќе биде побогата за уште еден лиценциран тренер кој ќе ги насочува правилно најмалите членови.


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home3/tiverija/public_html/wp-includes/functions.php on line 4757