Нова убедлива победа на Тиверијанките

На денешниот натпревар Тиверија ја нагости екипата на Топ Гол со 9 погодоци кои беа дело на дури 7 фудбалерки. Најефикасна на натпреварот беше Велкова Сара со постигнати 3 гола а по еден гол постигнаа и Николовска Теодора, Бошеска Ане, Јосифова Ива, Димоска Теодора, Велкова Радица и Михајлова Ања.

За ЖФК Тиверија настапуваа: Панчурова, Бошеска, Недева, Николова, Ѓорѓиева, Ристовска, Велкова С, Панеска, Велкова Р, Николовска, Димоска.
Во игра влегоа и: Бошевска, Јосифова, Цунева и Василева В.

Наредното коло ЖФК Тиверија гостува во Битола кај екипата на Атлетико. Натпреварот е закажан за среда, 24.03.2021 год.