И Кадетките по стапките на Сениорките

Во првото коло од Кадетската лига ЖФК Тиверија издвои многу важна победа против екипата на Атлетико од Битола. Иако минимална сепак важна во трката за шампионската титула.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот е Васка Василева која е дел од ЖФК Тиверија веќе 5 години.

За ЖФК Тиверија настапија: Димкина, Салтирова, Трендова, Гелева, Јованова, Јосифова, Вардар, Крстева, Галабовска (к), Василева, Велинова
Во игра влегоа и : Накова и Тренова.
Линк до најдобрите моменти од натпреварот.

Два дена порано нашата младинска екипа загуби несреќно во Охрид од Билјанини Извори каде не искористија многу стопостотни шанси.

ЖФК Тиверија им посакува среќа во понатамошното натпреварување на сите екипи кои се дел од овие натпреварувања.


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home3/tiverija/public_html/wp-includes/functions.php on line 4757