СИТЕ Тиверијанки и наредната сезона во дресот на Тиверија

Сите фудбалерки кои претходната сезона настапуваа за ЖФК Тиверија, ги започнаа подготовките за новата сезона. Всушност тоа е стилот на работа на нашиот клуб. Повеќето играчи го носат дресот на Тиверија и повеќе од 4 години а ниту една не е ”врзана” со договор. Лојалноста помеѓу клубот и играчите се базира на довербата која е изградена помеѓу нас.
Покрај досегашните играчи, со право за настап се здобија и две фудбалерки од младинската школа: Никица Трендова и Ива Салтирова за што ни е навистина мило. Моментално на тренинзите се приклучени поголем број на талентирани фудбалерки од младинската школа кои имаат шанса да напредуваат учејќи од поискусните фудбалерки.

Околу засилувањата во клубот нема сеуште да откриваме детали, но ќе бидат претставени во наредните 48 часови.