Први интернационалки во ЖФК Тиверија – Јанков и Шебек пристигнаа во Струмица

ЖФК Тиверија Струмица за прв пат ангажира интернационалки во своите редови.
Со огромно задоволство ја информираме јавноста за нашите две засилувања Маријана Јанков (26) и Милица Шебек (24) пристигнаа во Струмица и во новата сезона ќе го носат дресот на ЖФК Тиверија Струмица.

Маријана Јанков ни доаѓа од суперлигашот ЖФК ТЦ Кањижа од Србија а во минатото има настапувано и за Напредок, Брезница, и Црвена Sвезда. Со Црногорскиот шампион Брезница дури четири години настапуваше во елитното натпреварување Лига на шампиони. Маријана игра на позицијата играч за врска и е огромно освежување во средниот ред.

Милица Шебек ни доаѓа од суперлигашот ЖФК Пожаревац – Србија а во минатото има настапувано и за Тријумф, Драгон и Брезница. Три години е освојувач на Црногорското првенство и со екипата на Брезница настапуваше во Лига на шампиони. Милица игра на позицијата полушпиц/шпиц и ќе внесе живост во нападот на Тиверија.

Нашите нови Тиверијанки, со своето искуство ќе придонесат во зголемување на самодовербата кај младите фудбалерки и ќе го подигнат квалитетот на играта а со тоа и на клубот.