Прв тренинг натпревар за ЖФК Тиверија

Денес, 18.07.2021 год, фудбалерките на ЖФК Тиверија Струмица одиграа тренинг натпревар во кој шанса добија многу играчи од младинската школа. Денешниот тренинг беше одлична шанса за докажување на нашиот подмладок и можност да добијат шанса во сениорскиот тим.
Натпреварот беше исполнет со многу убави моменти, шанси и голови. Прекрасно искуство за помладите и одличен тренинг за повозрасните.