Тиверијанките спремни за почетокот на првенството

ЖФК Тиверија подготовките за претстојната сезона ги започна на 10 Јули. Оттогаш Тиверијанките предводени од Славе Велков ја темпираа формата за почетокот на првенството кое е најавено за 21ви Август. Во подготвителниот период ЖФК Тиверија одигра неколку пријателски натпревари и ги забележа следните резултати:

  • Два тренинг натпревари на комбинираните состави младинки-сениори.
  • ЖФК Љуботен 1:3 ЖФК Тиверија
  • ЖФК Борец 3:2 ЖФК Тиверија
  • ЖФК Тиверија 1:1 ЖФК Каменица
  • ЖФК Речица 0:3 ЖФК Тиверија
  • ЖФК Тиверија 3:0 ЖФК Борец
  • ЖФК СЦ Истатов 1:8 ЖФК Тиверија

ЖФК Тиверија во 8 натпревари постигна 20 гола кои беа дело на:
– Димоска 5
– Шебек 5
– Јанков 4
– Михајлова 2
– Панеска 1
– Бошеска 1
– Ѓорѓиева 1
– Велкова Р. 1

Најважно од се е тоа што немаме повредени фудбалерки пред стартот на сезоната па тренерот Славе Велков може да смета на целиот ростер на фудбалерки.
Во моментот имаме 6 фудбалерки кои се во Романија со репрезентацијата У-17 каде ќе одиграт двомеч со соодветната репрезентација на Романија.