Хуманитарна акција на ЖФК Тиверија

Женскиот фудбалски клуб Тиверија Струмица на 23.09.2021 година слави 10 години од формирањето на клубот. За таа цел фудбалерките се одлучија на хуманост и помош на лица кои имаат потреба од алишта, храна или детски играчи. Ги повикуваме сите граѓани на Струмица кои во своите домови имаат алишта или детски играчки кои не ги користат да ги достават во Тиверија Кафе (Леблебиџиската улица), или доколку се во можност да обезбедат храна која ќе биде доставена на горенаведената локација. Донациите може да се достават од понеделник до сабота од 9 до 13 часот и од 19 до 22 часот.

Хуманитарната акција на Тиверијанките трае до 30.09.2021 и секој хуман граѓанин кој ќе учествува во оваа акција ќе добие гратис кафе од Тиверија Кафе.