Тиверијанките убедливи на роденденскиот натпревар

На 23.09.2021 ЖФК Тиверија прослави 10 години од основањето на клубот. Поради ситуацијата со Ковид – 19 и здравствените протоколи Тиверијанките беа ограничени во одбележувањето на својот Јубилеј. Покрај хуманитарната акција која трае до 30.09.2021 година, нашите фудбалерки одиграа пријателски натпревар против екипата на Речица од Куманово. Поради отсуство на четири фудбалерки кои се со У17 репрезентација, на овој натпревар добија шанса неколку фудбалерки од младинската школа.

ЖФК Тиверија беше доста убедлива во овој натпревар постигнувајќи 8 гола кои беа дело на Шебек Милица х3, Велкова Сара х3 и Николовска Теодора х2 додека гостите постигнаа 1 гол во целиот натпревар. Тиверија полека ја темпира формата за долгоочекуваниот почеток на првенството кое е најавено за 09/10.10.2021 година. Во меѓувреме не очекува и пријателски натпревар против екипта на Љуботен во Сабота (02.10.2021) во 15 часот на Општинскиот стадион со вештачка трева кој би требало да биде генерална проба за новата сезона.