ЖФК Тиверија со 6 репрезентативки во У15 селекцијата

Во периодот од 27.09.2021 до 02.10.2021 година селекцијата до 15 години се наоѓа на селективен камп во Дојран со 40 девојчиња родени 2007/8 од целата држава. Дел од стручниот штаб е и нашиот тренер Александра Терзиски која е во проектот од самиот почеток. Покрај Александра, во моментот во Дојран се наоѓаат шест наши фудбалерки кои веќе се вклучени во сениорскиот тим на ЖФК Тиверија. Горди сме на нашите Розита Пецева, Никица Трендова, Настасја Накова, Васка Василева, Ива Салтирова и Теона Галабовска кои напорно работат и секојдневно напредуваат во фудбалската игра.