Тиверија поуспешна од Љуботен во генералката пред првенството

На 02.10.2021 ЖФК Тиверија го одигра последниот подготвителен натпревар пред почетокот на сезоната кој е најавен за 09/10.10.2021 год. Во Струмица гостуваше екипата на Љуботен од Тетово на кој им посакуваме среќа во настапот на првенството. Натпреварот беше исполнет со многу убави моменти и доста промашени шанси особено кај домашната екипа. По одиграните 90 минути Тиверија славеше со 1:0, а стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше нашето засилување Милица Шебек.