У17 предводена од Панеска до победа над Молдавија

Репрезентацијата до 17 години го заврши циклусот – квалификации за Европско првенство кое се одржа во Естонија. На ова натпреварување од ЖФК Тиверија беа повикани Тренерот Славе Велков – кој беше вратен во оваа репрезентација, Билјана Панеска – капитен на репрезентација до 17 години како и Слаѓана Ѓорѓиева, Ива Јосифова, Мери Васева и Ања Михајлова (поранешен член на Тиверија која поради преселување замина во Австрија)

Репрезентацијата до 17 години одигра три натпревари против Украина, Естонија и Молдавија од кои забележа два порази и една победа. Нашите девојки беа подобри единствено потив врсничките од Молдавија кои ги победија со резултат 4:0 од кои 2 гола беа дело на нашата Панеска.