3 бода и 2 јубилеи за ЖФК Тиверија

На денешниот натпревар ЖФК Тиверија доби уште две фудбалерки со одиграни 100 официјални натпревари во дресот на Тиверија. Станува збор на Теодора Димоска и Викторија Недева кои се дел од ЖФК Тиверија уште од 2017 година. Теодора Димоска е најдобриот стрелец во клубот со постигнат 191 гол и е репрезентативка во сениорската репрезентација. Викторија Недева со само 18 години е еден од столбовите на одбраната и е дел од У19 репрезентацијата на Македонија.

Покрај двата јубилеи, ЖФК Тиверија може да се пофали со 6 освоени бода по двете одиграни кола.
Денес, во Струмица се одигра второто коло од ПЖФЛ во кое ЖФК Тиверија ја победи екипата на Скопје 2014 со резултат 4:2, Стрелци на денешниот натпревар беа Јанков Маријана х2, Димоска Теодора и Велкова Радица. Во продолжение линк од најдобрите моменти на натпреварот и галерија.