Висока победа против Топ Гол, прво место за Тиверија

ЖФК Тиверија во 8мото коло од ПЖФЛ забележа висока победа на гостувањето во Битола, против екипата на Топ Гол.
Резултатот од 0:9 беше доволен Тиверијанките да избијат на врвот од табелата.

Стрелци на головите за Тиверија беа: Шебек х2, Јанков х2, Николовска х2, Бошеска 1, Панеска 1 и Велкова С. 1.

Ни претстои репрезентативна пауза во А селекцијата каде повикани се нашите Ане Бошеска, Сара Велкова и дебитантски повик за Викторија Недева.

Исто така, во периодот од 22 до 26 Ноември, селекцијата до 15 години ќе одржи селективен камп во Дојран каде се повикани нашите: Васка Василева, Теона Галабовска, Никица Трендова, Ива Салтирова, Анастасија Велинова и Ангела Димчова.

До крајот на полусезоната ни претстојат три натпревари:

  • 4.12.2021 – ЖФК Тиверија – ЖФК СЦ Истатов
  • 8.12.2021 – КФФ Шкендија – ЖФК Тиверија
  • 11.12.2021 – ЖФК Тиверија – ЖФК Атлетико