Младинките и кадетките на ЖФК Тиверија – Есенски шампиони

По одиграни 6 кола во младинска и кадетска конкуренција, ФФМ го прекинува натпреварувањето поради ниските температури кои се голем фактор во овие категории.

Младинската екипа на ЖФК Тиверија предводена од капитенот Слаѓана Ѓорѓиева како и од првотимките Мери Васева и Ива Јосифова, забележаа 6 победи од 6 натпревари и со гол разлика од 40 постигнати и 4 примени гола се наоѓаат на врвот од табелата.
ЖФК Борец 0:5 ЖФК Тиверија
ЖФК Тиверија 5:1 ЖФК Љуботен
ЖФК Речица 0:1 ЖФК Тиверија
ЖФК Билјанини Извори 1:10 ЖФК Тиверија
ЖФК Тиверија 7:1 ЖФК Топ Гол
ЖФК Асс Унитед 1:12 ЖФК Тиверија

Во оваа генерација наш најдобар стрелец е Васка Василева со постигнати 10 гола, по неа следуваат Мурвет Вардар со 7, Велинова Анастасија х6, Јосифова Ива х5, Ѓорѓиева Слаѓана х3 итн…
Во младинската конкуренција се натпреваруваат вкупно 12 екипи па останатите 5 кола од првата полусезона се насочени кон пролетниот дел.

ЖФК Тиверија е клуб кој веќе 10 години постои и вложува во своите млади категории. Овие успеси се само резултат на добрата работа на нашиот стручен штаб предводен од Славе Велков кој се фокусира на производство на сопствени фудбалерки.

Кадетската екипа на ЖФК Тиверија предводена од капитенот Теона Галабовска забележа 5 победи од исто толку натпревари бидејќи во 5тото коло ЖФК Тиверија беше слободна поради непарен број на екипи кои се натпреваруваат. И покрај 1 натпревар помалку, кадетската екипа е лидер на табелата со постигнати 25 а примени само 4 голови.
ЖФК Љуботен 1:3 ЖФК Тиверија
ЖФК Тиверија 10:1 ЖФК Топ Гол
ЖФК Скопје 1:2 ЖФК Тиверија
ЖФК Тиверија 5:1 ЖФК Асс Унитед
ЖФК Плачковица 0:5 ЖФК Тиверија

Во оваа генерација наш најдобар стрелец е Накова Настасја со 11 постигнати гола, по неа следува Пецева Розита со 10, Галабовска Теона со 3 и Ајтова Симона со 1 постигнат гол.
Во младинска конкуренција се натпреваруваат вкупно 9 екипи, па останатите 3 кола се исто така насочени за пролетниот дел.