Secret Santa во ЖФК Тиверија

Сигурно сте слушнале за Американскиот интересен начин за размена на подароци т.н Secret Santa.
Оваа година решивме и ние во ЖФК Тиверија да го примениме овој начин на размена на подароци.

Целта на играта е да му одберете поклон на соиграчот кој ќе ви се падне по случаен избор, со што ќе дознаете повеќе за неа или ќе покажете колку добро ги знаете своите соиграчи.

После размената на подароци и погодувањето кој на кого му купил поклон, го искористивме заедничкото слободно време за последна дружба пред претстојните новогодишни и божиќни празници.

Тиверијанки во просториите на Тиверија Кафе

Мал осврт на измината полусезона која беше најуспешна досега во десет годишното постоење на ЖФК Тиверија.

ЖФК Тиверија одигра 11 натпревари од кои победи дури 9, а беше поразена на само два натпревари.
Во овие 11 кола Тиверијанките постигнаа 40, а примија 10 гола и на полусезона заминуваат со гол разлика +30.
Најдобар стрелец е Маријана Јанков со 11 постигнати голови, а веднаш после неа е Милица Шебек со 10 постигнати голови. Николовска Теодора стрелаше 6 пати, Велкова Сара 5, Велкова Радица и Димоска Теодора по 2 и Панеска Билјана 1 гол во противничките мрежи.

Со оглед на горенаведената статистика може да заклучиме дека засилувањата ги оправдаа очекувањата со нивниот придонес, а секако дека својот максимум го дадоа и останатите девојки кои несебично го дадоа и последниот атом сила за постигнатите резултати.
Успехот секако не е случаен бидејќи сите девојки освен засилувања се дел од клубот повеќе од 4/5 години.

За жал, повредите се дел од спортот кои значително влијаат врз сите спортски клубови.
За ЖФК Тиверија голем хендикеп е повредата на нашиот најдобар стрелец Теодора Димоска која нема да биде дел од ростерот играчи на тренерот Славе Велков и наредната полусезона.
И посакуваме брзо опоравување и враќање на зелените терени од следната сезона.

Голема благодарност до нашите подржувачи – Општина Струмица, Mama’s foods, Агенција за млади и спорт и ФФМ кои имаат голем придонес во нашите резултати.