Услуги

Инженерски услуги за ГВК системи, зелени решенија, ладење на дата центри, техничко советување и енергетски заедници.

ГВК системи

Поддршка при планирање, избор и развој на системи за греење, вентилација и климатизација.

  • Развој на концептуално решение и техничка анализа на потребите.
  • Избор на опрема и системско решение.
  • Модернизација на постоечки инсталации.
  • Фокус на сигурност, комфор и енергетска ефикасност.
  • Изведба и пуштање во употреба.

Зелени решенија

Интегрирани решенија за производство, складирање и поефикасно користење на енергијата.

  • Фотоволтаични системи за објекти и заеднички корисници.
  • Батериско складирање на енергија.
  • Термални соларни колектори и термално складирање енергија.
  • Мерки за енергетска ефикасност.
  • Комбинирање на ФВ, батерии, топлински пумпи, термално складирање енергија и управување со потрошувачка.

Ладење на дата центри

Технички решенија за контрола на температура и сигурна работа на критична дигитална инфраструктура.

  • Проценка на топлински оптоварувања.
  • Решенија со посебен осврт на континуирана работа.
  • Разгледување на редундантност и сигурност.
  • Енергетски ефикасно ладење и мониторинг.

Инженерски консалтинг

Техничка поддршка при донесување одлуки, споредба на технологии и подготовка на реалистични решенија.

  • Првична техничка проценка.
  • Физибилити анализа и развој на концептуално решение.
  • Споредба на различни технологии.
  • Набавка на опрема и логистика, изведба на соодветен систем, пуштање во употреба.

Енергетски заедници

Поддршка за модели каде повеќе корисници заеднички произведуваат, складираат и користат енергија.

  • Концепт за заедничка фотоволтаична инсталација.
  • Модели за сопствена потрошувачка и распределба.
  • Вклучување на батерии и управување со вишок енергија.
  • Техничко советување за станбени згради, компании и локални актери.